Кејн: Си ја земав топката од мечот, сега одам на Октоберфест

246

Баерн го демолира Бохум со 7:0, а Хари Кејн постигна хет-трик што е негов прв во Бундес лигата. По првите пет кола во најсилната германска лига Кејн има седум гола со што собори клупски рекорд на славниот Герд Милер.
Добро одигравме против Бохум, бевме метално силни. Се е добро за сега. Возбуден сум, ми се допаѓа овде. Клубот, екипата, навивачите, а прекрасно е чѕвството да се постигне хет-трик на домашен терен. Ќе си ја земам топката. На неа ќе се потпишат сите играчи и ќе си ја чувам како спомен на овој ден“, изјави Кејн.
Следува нов важен ден, прво официјално присуство на Октоберфест.
Се радувам на тоа. Не знам што да очекувам, соиграчите ми зборуваа за тоа, па ќе видам. Ќе се забавуваме и ќе уживаме. Но не премногу затоа што во вторник имаме натпревар во Купот. Мораме малку да внимаваме“, додаде Англичанецот.

ПретходноДенеска е мадридското дерби – „Метрополитано“ ќе го урне рекордот на посетеност
СледноНејмар прави проблеми во Ал Хилал