„Лавиците“ од Ѓорче Петров го растурија Тиват со 21 разлика во ЕХФ Купот

146

Македонскиот женски ракометен првак, тимот на Ѓорче Петров одигра наверојатно одличен натпревар во првата пресметка против Тиват во рамките на ЕХФ Купот. „Лавиците“ на домашен терен славеа со убедливи 43-22 и веќе можат да размислуваат на пласман во следната фаз иако ги чека реванш.

Ракометарките на Ѓорче Петров победата ја најавија уште во првото полувреме по кое имаа позитива од десет гола разлика (20-10). Лесно го скршија отпорот на противникот, поведоа со 4-1 и 8-4 и до одморот одржуваа од четири до шест гола, а со една серија од 4-0 дојдоа до првата двоцифрена предност од 20-10.

Ништо не се промени нути во второто полувреме, „лавиците“ знаеја како да ја користат својата доминантност, обезбедија победа од 21 разлика која ќе биде доволна за пласман во следната рунда.

Ана Марија Коларовска со 10 голови беше прв стрелец, зад неа беше Ива Божиновска 8 голови, додека Ангела Јанкуловска запиша еден помалку. За пофалба е Слободанка Кицевска имаше 10 одбрани.

Куманово и денеска беше поразен од тимот на Херцогенбуше во Европскиот Куп. Македонскиот беше поразен со 31-17, и по вчерашните 29-22, се пласираше во следното коло од европското натпреварување.

ПретходноГРК Тиквеш преку Струга до „три од три“
СледноОсимен се посрамоти, за Елмас роденденски дваесетина минути, Наполи повторно не победи!