Нејмар прави проблеми во Ал Хилал

454

Иако имаше уште многу што да му даде на фудбалот во Европа, сепак, Нејмар летово одлучи за деведесет милиони евра да замине во Ал Хилал и на тој начин што се вели да стави точка на сериозното играње.

Сепак, и во Ал Хилал ќе мора да игра на некакво си ниво, кое што се бара од него, а во моментов Нејмар не го прави ниту тоа. На дуелот со аутсајдерот Дамак, одиграно е само 1:1, а во соблекувалната потоа дошло до сериозен конфликт. Помеѓу Нејмар и тренерот Хорхе Жезуз, за кој бразилецот смета дека не е достоен да го води клубот. Дошло до сериозна расправија, дури за малку е избегната и физичка пресметка. На Нејмар сериозно му засметало што Жезус пред останатите играчи му префрлил и според бразилецот го понижил, па автоматски потоа, тој заминал на состанок со раководството на клубот.

Тема на истиот била способноста на Жезус да го води тимот, но од друга страна пак јасно е дека Нејмар не е тој кој што одлучува кој ќе биде тренер. Напротив, во Ал Хилал според информациите се свесни дека Нејмар малку се занел во неговите ингеренции и влијание во клубот, и дека тоа едноставно не смее да го прави.

 

ПретходноКејн: Си ја земав топката од мечот, сега одам на Октоберфест
СледноАлкалоид лесно ги реши битолчани за перфекција!