Полувреме: Невиден кикс на голманот на Воска, Васоски исклучен, само гостите водат, без голови во Струга и под Шара, Бесарт промаши пенал!

396

Завршија првите полувремиња на сите шест средби од 8.коло во ПМФЛ кои се играат попладнево. Најинтересно е во Охрид каде Шкупи води со 1:2, а прими гол уште во 11.секунда.Но следуваше големиот кикс на домашниот голман, тоа Сахити го искористи за 1:1, а потоа Дуду Сампајо од пенал носи водство од 1:2.

Во Струмица со голот на Марко Ѓорѓиевски, Силекс води кај Брера Струмица. Инаку стрелецот е некогашен играч на струмичани.

Со голот на Кехинде, Гостивар води кај Вардар. На полувреме хаос.Тренерот на домашните Васоски доби црвен картон, исто црвен доби и  претставникот на домашниот клуб, Никола Стојановски. Води и Брегалница кај Тиквеш со голот на Андерсон.

Нема голови во Струга и во Тетово. Иако и Струга ТЛ и Шкендија, како домаќини имаа иницијатива и шанси против Работнички и Македонија ЃП. Во 45.минута Бесарт Ибраими промаши пенал. Ја шутна топката високо над пречката.

ПретходноАеродром ја прослави и втората победа
СледноАлкалоид се врати со победа, следува трилер финиш!