Фантастично дерби вечерва на “Ванда Метрополитано“ во Мадрид. Во градско дерби во кое Атлетико на свој терен,пред своите фанови славеше со 3:1. Супер меч, меч за паметење одигра Алваро Мората во дресот на победничкиот состав, инаку екс фудбалер на “кралевите“.Инаку ова е прв пораз за четата на Карло Анчелоти сезонава.
Мората уште во 4.минута донесе еуфорија на трибините каде имаше 70.000 гледачи. Потоа Гризман зголеми на 2:0 во 18.минута. Реал со гол во 35.минута на Крос се чинеше дека се враќа во игра.
Но така не мислеше токму Мората, кој само што започна второто полувреме го постигна својот втор гол за 3:1. Колку и да се обидуваше Реал да стори нешто повеќе, сепак Атлетико беше тој што славеше на ова големо дерби на двата гиганти.
Атмосферата на “Ванда Метрополитано“ беше за паметење.