Супер Бојан: Миовски со два гола и асистенција за Абердин! (ВИДЕО)

546

 

Еве, Бојан Миовски повторно блеска. А кој кажа дека Македонецот во дресот на Абердин заборавил да дава голови.Попладнево Бојан со два гола и асистенција му донесе водство на својот тим од 4:0, против Рос Каунти, па потоа излезе.No description available.

Едноставно немаше потреба и натаму да игра. Миовски во 21.минута донесе водство од 1:0,потоа во 48.минута беше асистент за третиот гол на својот тим, а во 52.погоди уште еднаш, овојпат за 4:0.

Па така по 6.коло во Премиерлигата на Шкотска, Миовски сега има 6 голови и една асистенција и се наоѓа на врвот на листата на стрелците.

ПретходноВардар реди порази, сега е “фенерџија“…еве како изгледа табелата! (ФОТО)
СледноМојсов: Редно беше да падне Брегалница, на оваа победа Тиквеш чекаше четири години!