Хаос во Амстердам: Навивачите на Ајакс кршеа што ќе најдат, влетаа во главниот влез на стадионот (ВИДЕО)

385

Дербито меѓу Ајакс и Феноорд во холандскиот шампионат не го дочека својот крај, беше прекинато во 55. минута поради дивеење на фановите на домашниот тим.

Прекин имаше и во првото полувреме кога навивачите на Ајакс на теренот фрлаа разни предмети од сите страни. Иако се чинеше дека дуелот ќе продолжи без никакви проблеми сепак хаосот продолжи и по одморот, по што главниот судија одлучи да стави крај на мечот и да ги испрати екипите во соблекувалните.

Мечот најверојатно ќе продолжи во вторник пред празни трибини, иако истиот може да биде регистриран со 0-3.

Сепак хаосот не се смири продолжи пред стадионот, навивачите на Ајакс ја урнаа главната врата и тргнаа да влезат внатре.

 

ПретходноГоран Самарџиев тргна со победа во Словачка
СледноЛука Модриќ следното лето може да заигра со најдобрите?