Возачот на VR46, Марко Безеки славеше на првото МОТО Гран При на Индија, кое се возеше како 13-та трка од овогодинешниот шампионат во Мото ГП.
Италијанецот воедно стигна до третата победа сезонава, откако беше исклучително доминантенод почеток до крај на трката. Второто место му припадна на Хорхе Мартин на Прамак Дукати, додека возачот на Јамаха, Фабио Квартараро заврши на третото скалило на подиумот.
Покрај доминацијата на Безеки, историската трка во Индија ја одбележа и повлекувањето на бранителот на титулата Франческо Бањаја, кој по петтипат годинава остана без бодови, а со тоа борбата за шампионската титула е целосно отворена на седум трки пред крајот.
Мото ГП продолжува следната недела со Јапонското ГП на патеката „Твин Ринг Мотеги“.