Гол за победа: Супер деби на младиот Камбери за Струга ТЛ! (ВИДЕО)

389

Беким Камбери (19) денеска го имаше својот деби настап за шампионот и веднаш гол, и тоа победнички, и тоа против Работнички за триумфо од 1:0. Не му одеше на Бесарт Ибраими, тој промаши и пенал,но затоа тука беше младиот офанзивец Камбери, кој асистенцијата во второто полуреме на Ибраими, ја претвори во гол за победа.

Инаку Камбери е роден во Македонија, но пораснат е во Данска,каде ги започнува своите фудбалски почетоци. Во Струга ТЛ дојде ова лето и веднаш еве шанса и еве веднаш гол за победа за својот тим.

Секоја чест.

ПретходноТен Хаг: Овој меч мораше да биде добиен
СледноНа Берлинскиот маратон падна светскиот рекорд во женска конкуренција