Горан Самарџиев тргна со победа во Словачка

179

Македонскиот стратег, Горан Самарџиев направи нов чекор во својата кариера, одлучи да го искуси првиот интернационален предизвик. Тој пред една недела и официјално беше промовиран како нов тренер на Комарно, кој е новајлија во најсилното натпреварување во Словачка, а својата приказна ја започна триумфално.

Самараџиев и неговиот тим ја совладаа Нитра со 85-79 во првото коло во тамошниот шампионат. Комарно оваа средба ја реши во третата четвртина во која успеа да дојде до двоцифрена предност.

Македонскиот стратег и неговите избраници може да слават поубедливо, но противникот во самиот финиш направи серија од 10-0 и дојде до нешто поутешителен пораз.

Претходно“Гори“ на “Ванда Метрополитано“: Мората уште во 4.минута го “тресе“ Реал Мадрид, веќе е 2:0!(ВИДЕО)
СледноХаос во Амстердам: Навивачите на Ајакс кршеа што ќе најдат, влетаа во главниот влез на стадионот (ВИДЕО)