Петото коло во Серија А е затворено со дуелот меѓу Торино и Рома, кој заврши без победник (1-1). Жозе Мурињо и неговите момци имаа шанса да дојдат до победа, но не успеаја да ја сочуваат предноста.
По 0-0 во првото полувреме, Ромелу Лукаку во 68 минута донесе водство на Рома од 0-1. Сепак домаќинот успеа да најде начин да се врати во овој дуел, Запата израмни на 1-1 на асистенција на Илиќ.
По овој бод, Рома се наоѓа на 13 место, додека пак Торин е деветти.