Тиквеш си “гази“.После триумфот над Вардар минатата недела, денеска во Кавадарци падна и Брегалница. Во супер интересен меч попладнево во Кавадарци, Тиквеш победи со 2:1. И тоапо пресврт, ако се знае дека „сините“ имаа водство од 0:1.
Тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов не го криеше своето задоволство и за “СпортСпорт“ веднаш по мечот истакна:
„Па, редно беше да падне и Брегалница.Оваа победа ја чекавме четири години, ете толку невмавме трумф на овој тим. Морам да кажам дека победивме силен тим, а Тиквеш и не играше како што знае. Но понекогаш е важно и кога не играш најдобро, е да имаш среќа и да освоиш три бода. Во секој случај честитки за момците на оваа победа“ изјави Мојсов.