Попладнево од 15 часот на програмата се сите шест средби од 8.коло во ПМФЛ. И на сите шест се очекува голема борба, неизвесност, се очекува да биде супер интересно.
На “Борис Трајковски“ во Скопје, во дербито на дното, Вардар го дочекува Гостивар. Ова е меч во кој се среќаваат претпоследниот и последниот на табелата. Ете шанса за Вардар да дојде до својата втора победа.
Силекс гостува кај екипата на Брера Струмица која самата за себе вели дека го игра најдобриот фудбал во Македонија. Сепак Силекс е Силекс:
“По победата над Шкендија, во нашиот тим владее позитивна атмосфера. Имаме намера и против Брера да го покажеме на терен тоа што го знаеме. Јас искрено се надевам на победа“ вели голманот и капитенот на кратовци, Даниел Божиновски.
Шкендија сеуште е лидер, а таму да остане и треба денеска победа над Македонија ЃП. За тоа што може да се очекува од овој меч свој коментар има Клисман Цаке, дефанзивецот на тетовци:
„Уште боли поразот од Силекс минатата недела. Но тоа е фудбалот. Бадијала е сега да се коментира тој меч. Играме против Македонија ЃП, го почитуваме противникот,но ќе играме само на победа и ништо друго“.
Воска на “Билјанини Извори“ го дочекува Шкупи. Ова ќе биде и тренерски дуел меѓу Црногорецот Радовиќ (Воска) и Босанецот Жижовиќ (Шкупи).Според квалитетот чаирчани се фаворити, но секогаш е тешко да се игра против Воска, посебно во Охрид.
Во исто време исто така покрај Охридското езеро, само во Струга,шампионот го дочекува Работнички а во Кавадарци нов мегфан меѓу старите ривали Тиквеш и Брегалница.
ДВОЈКИ ЗА 8.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)
Скопје: Вардар – Гостивар
Тетово: Шкендија – Македонија ЃП
Струмица: Брера – Силекс
Охрид: Воска – Шкупи
Струга: Струга ТЛ – Работнички
Кавадарци: Тиквеш – Брегалница
ТАБЕЛА
Шкендија (-1) 13, Брера 13, Силекс 12, Шкупи 12, Тиквеш 10, Работнички 10, Струга ТЛ (-3) 9, Брегалница 9, Македонија ЃП 8, Воска (-1) 7, Вардар (-1) 4, Гостивар 3 бодови