Тен Хаг: Овој меч мораше да биде добиен

109

Синоќа екипата на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Барнли извојува многу важна и тешка победа од минимални 0:1. Сезонава е исклучително комплицирана  за Јунајтед, преполна со кискеви, лоша игра, скандали во тимот но и пред се повреди. Токму затоа, според јавноста но најмногу според менаџерот Ерик Тен Хаг ова беше екстра важна победа за тимот.

“Оваа победа мораше да се случи и ние го знаевме тоа. Тимот одговори на критиките со играта на теренот. Видов единство во соблекувалната, ова беше тимска победа. Бруно постигна одличен гол. Прекрасно е како ја одигравме конкретната ситуација нападот од десната страна, повратната топка, а потоа и брилијантно додавање, брилијантното движење и брилијантиот шут.Кога си играч на Манчестер Јунајтед мораш да победуваш на секој натпревар, дури и ако играш со Баерн Минхен. Во спротивно имаш критики на твоја сметка. Во последните натпревари имавме тешки противници но не ги добивме резултатите што ги посакувавме. Затоа по секоја цена требаше да се добие денешниот натпревар“, изјави Тен Хаг па додаде.

“Имаме многу проблеми во моментов, многу работи се против нас, повреди, одлуки. Но сега сите имаат личност за пример. Среќен сум што имам играч како Џони Еванс во мојот тим”, додаде Холанѓанецот.

ПретходноСтоле и Рајо со бод против Виљареал! (ВИДЕО)
СледноГол за победа: Супер деби на младиот Камбери за Струга ТЛ! (ВИДЕО)