Исчезна магијата на Кварадона, а Руди Гарсија и натаму го држи Дијамантот на клупа!

822

 

Многу брзо се дигна во ѕвездите, но од таму уште побрзо падна. Се разбира дека тука мислиме на Квича Кварацкелија, младиот офанзивецна Наполи, Грузиецот кој пред неколку месеци просто го “полуде“ сите европски гиганти кои праќаа понуди до Наполи.

Беше наречен и Кварадона, беше еден од најзаслужните за титулата нанаполитанците, но сега Квича го нема никаде.Иако добива шанса постојано, сепак Грузиецот е далеку, многу далеку од посакуваната форма.

Од 19 март Кварадона нема постигнато гол, во серија на 23 меча Грузиецот никако да се израдува.

И како капак не се, новиот стратег на Наполи, Руди Гарсија тоа не го гледа или не сака да го види па така тој и натаму го држи Елиф Елмас на клупата и му дава минутажа од по 10-15 минути. А Кварадона игра ли игра, ама што игра.

Подобро кажано ништо не игра.

ПретходноЈовиќ: Крајно време е нашата екипа да се покаже во поинакво светло
СледноБорзаш и Кузманоски едногласно: Против Кил е потребна борба до самиот крај