Каратистите освоија 10 медали на Балканското првенство во Тирана

110

Македонските каратисти освоија 10 медали на балканското првенство кое изминативе денови се одржа во Тирана, Албанија. Машкиот кумите тим е балкански вицешампион и состав кој на Македонија и го донесе петтото сребро на првенството.

Македонија на оваа Балканијада за сениори освои 10 медали, од кои еден златен, 5 сребрени и 4 бронзени. Златниот медал е во конкуренција на ветерани и го освои Христаки Давитковски. Кај сениорите сребрени медали освоија Емил Павлов, Берат Јакупи, Викторија Јовановска, машкиот кумите тим и машкиот ката тим, додека со бронзи се закитија Петар Заборски, Фахик Весели, Вероника Костовска и женскиот кумите тимот.

ПретходноБорзаш и Кузманоски едногласно: Против Кил е потребна борба до самиот крај
СледноЈанта Волеј е победник на 11. издание на „Пелистер Волеј“