Прв натпревар, официјален за Жаклина Стојановска, како шеф на стручниот штаб, и веднаш, титула, онаа во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“.
Новото лице на клупата на Баскет Кам 2011 уште на почетокот на новата сезона, со себе донесе една особено сериозен пристпа кон реализација на планиранираните активности.
Екипата од Македонска Каменица само го потврди својот квалитет со убедливиот триумф над актуелниот освојувач на Купот, МЗТ Скопје Аеродром.
„Не очекував дека толку лесно ќе тече натпреварот. Меѓутоа, во ред, бевме поспремни од екипата на МЗТ Скопје. Имаме и поискусни играчи во своите редови. И да, убаво е на почетокот на сезоната да се освои една ваква титула. Но веќе од понеделник, и ние и екипата на МЗТ Скопје продолжуваме со тренажниот процес. Малку прославивме, но продолжуваме понатаму, да ја унапредиме нашата игра. Да бидеме подобри во однос на досега сработеното“, изјави Стојановска.
Иако Супер-Купот не е вистинска слика за она што ги очекува во сезоната, сепак поранешната репрезентативка вели дека ќе биде голем мотив за девојките.
„Извесно е дека овие 40.минути од Суперкупот, не се показател околу тоа како ќе тече сезоната. Сепак, ова е само почеток. Меѓутоа, добро е што победивме, за дополнително да се мотивираме, и да дадеме повеќе, да се залагаме на тренинзите. Секако, ова е некоја лична сатисфакција на играчите, се подразбира, и на клубот. Ние секако дека ќе продолжиме со напорна работа, бидејќи не само во домашниот дел, каде што ќе атакуваме на шампионската титула и онаа во Купот, ќе се натпреваруваме и на меѓународно ниво“.