Одбојкарскиот клуб Јанта Волеј е победник на 11. турнир „Пелистер Волеј“ во женска конкуренција, кој е во организација на Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола.
Турнирот и оваа година се одржа во салата на Медициското училиште во Битола на кој учествуваа четири екипи. Покрај домаќинот настапија и прволигашите Јанта Волеј, Вардар ЕМ и Младост.
Во финалниот меч, екипата на Јанта Волеј го победи домаќинот на турнирот, Пелистер Волеј со 2:0 во сетови. Претходно, во малото финале екипата на Вардар ЕМ од Скопје исто така со 2:0 ја совлада екипата на Младост УГД од Штип.
Во првото полуфинале Пелистер Волеј славеше над скопски Вардар ЕМ со 2:1, додека Јанта Волеј со 2:0 беше подобар од Младост УГД.
За најдобра одбојкарка на турнирот беше прогласена Мери Бошковска од Јанта Волеј. Ивана Белокозовска (Пелистер В.) ја доби наградата за најдобар коректор, Ана Ицковска (Пелистер В.) беше најдобро либеро, додека Татјана Машковска (Јанта В.) беше прогласена за најдобар среден блокер. Наградата за најдобар примач отиде кај Бојана Маројевиќ од Јанта Волеј, додека Теодора Шукуловска од Вардар ЕМ е најдобар техничар.