Гризман: За малку ќе се расплачев

242

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман ја прокоментира победата на неговиот тим во натпреварот од шестото коло на Ла Лига против Реал Мадрид со 3-1. Тој беше стрелец на еден од трите гола за неговиот тим.

Гризман призна дека мнлгу малку фалело да заплаче по постигнатиот гол.

„Играм поблиску до зоната каде што можам да направам најголема штета, но не секогаш тимот има потреба од тоа. За малку ќе заплачев и многу сум горд што сум овде. Реков дека ќе дадам се за да ги слушнам тие навивачи повторно како навиваат, навистина сум среќен. Мојот син ќе биде многу среќен и горд и ќе оди на училиште облечен во дресот на Атлетико“, изјави Гризман.

Атлетико Мадрид ја запиша третата победа во новата сезона во Ла Лига, има уште еден пораз и реми, се наоѓа на петото место на табелата.

ФОТО: Атлетико Мадрид/Твитер

ПретходноИнзаги ја потврди лошата вест по триумфот над Емполи
СледноМарковски „го губи“ рангот на АТП листата