Давид Бабунски играч на мечот против Кечкемет

196

Викендов тимот на Мезоковешт за која настапува нашиот интернационалец и репрезентативец Давид Бабунски одработи екстра важна победа на гостински терен против тимот на Кечкемет од конечни 0:2.

Бабунски се најде во стартниот состав и го одигра убедливо најдобриот меч сезонава. Беше лидер на својот тим, кој со овие бодови се чувствува далеку посигурно на табелата.

Она што го одигра Бабунски секако не остана незабележано, па е најдобро оценетиот играч на гостинската екипа со 8.8 оценка.

Нормално прогласен е и за играч на натпреварот, а ова е само поттик да продолжи со добри игри и да биде движечка сила на тимот сезонава.

ПретходноМиовски за Спортспорт: Се чувствувам како да не бев повреден, не можев подобро да ја почнам сезоната
СледноЧкембари слават 38. години постоење