Инзаги ја потврди лошата вест по триумфот над Емполи

758

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги потврди дека напаѓачот Марко Арнаутовиќ заработил повреда на мускулот во последните минути од победата над Емполи од 1-0. Токму поради ова за него победата е во втор план, бидејќи тимот е на прво место.

„Арнаутовиќ почувствува болка во мускулот, па ќе го изгубиме на некое време. Штета, бидејќи тој е прилично важен играч и доста добро се прилагоди на тимот. Што се однесува до мојата лична прослава поради победничката серија, тоа не ми е многу важно, повеќе внимавам на тимот. Игравме против Емполи, за кого тоа беше прв натпревар под водство на новиот тренер, па противникот беше решен да се извлече од негативна серија“, прокоментира Инзаги по мечот.

Специјалистот го изрази и своето незадоволство од својот тим бидејќи не успеале да постигнат втор гол.

„Можеби требаше порано да го решиме натпреварот со оглед на сите наши ситуации. Така бевме малку загрижени на крајот, особено ако се земе предвид дека останавме со 10 играчи на теренот поради повредата на Арнаутовиќ. Секој тим што игра толку често тешко може да биде убедлив на секој натпревар. Овој меч не беше лесен и покрај моменталните проблеми на Емполи, но можеби требаше да бидеме поупорни во потрагата по втор гол кој ќе ни донесеше сигурност“, додаде тој.

За Интер ова беше петта победа и со перфектен скор е на врвот на табелата во Серија А.

ПретходноШкендија за првпат во историјата играше со сиви дресови…ова е мајсторијата на Чинари! (ФОТО + ВИДЕО)
СледноГризман: За малку ќе се расплачев