Коментар на 8.коло: Тимот кој што го играл најдобриот фудбал веќе четири меча е без победа, Струга ТЛ маршира кон врвот, Вардар реди порази!

1156

 Пишува: Зоран Ѓоршоски

 Вчера се одиграа сите мечеви од 8.коло во ПМФЛ. Интересни резултати и очекувани, како поразот на Работнички, победите на Шкупи и Шкендија, битката во Кавадарци.

Но веднаш се забележува дека Брера Струмица повторно не победи. А имаше и тоа како шанси да биде и поразена, ако се знае дека Силекс на 1:0 имаше и пенал. Струмичани се извлекоа, но ова е веќе нивниот четврти меч без победа. Како да ја снемува “италијанската магија“. А пред неколку дена нивниот капитен јавно кажа дека Брера Струмица го игра најдобриот фудбал во Македонија.Можеби тоа е точно, но исто така точно е дека на последните четири средби неговиот тим од можни 12 бода освои само 2. И покрај тоа Брера и натаму е при врвот на табелата,но сега веќе не е страв и трепет за ривалите како што беше тоа во првите четири кола.

А кон врвот маршира и тоа како Струга ТЛ. Шампионот има сега 12 бода, четири помалку од лидерот Шкендија, но и два меча помалку од тетовци, а три од останатите. Струга ТЛ вчера си го победи својот “пациент“ Работнички и сега сака за само неколку дена, во среда со Воска и во недела со Шкупи, да освои максимални шест бода.

Ќе видиме дали тие посакувања ќе се остварат. Но како игра Струга ТЛ, јасно е дека овој тим и натаму е најсериозен кандидат за титулата, за својата втора титула.

За Вардар?

А што да се каже. Нашиот најтрофеен клуб си реди порази. Вчера загуби дома и од Гостивар. Секако дека ќе биде пеколно тешко Вардар да се избори и следната сезона да игра во елитата, но ајде…

Ова е осмо коло, до крајот има уште многу, многу за играње.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 8.КОЛО: Воша го водеше Шкупи до победа во Охрид!
СледноМладиот тим на Мулти Есенс даде силен отпор, но сепак Бутел до победата!