ПСЖ синоќа дојде до убедлива победа против Марсеј 4-0 во меч од шестото коло во француската Лига 1. Овој триумф остана во сенка на повредата на Килијан Мпабе, по мечот на никому не му се славеше.
При 1-0 во првото полувреме, Мбапе падна на земја поради повреда и веднаш го напушти теренот. Предводникот на францускиот првак, Луис Енрике по мечот изјави дека фановите можат да здивнат, повредата не е сериозна.
„Нема сериозен проблем, но тој почувствува болка. Пологично беше да го извадиме и да го напуштиме теренот. Нема ништо сериозно, се е во ред“, изјави Енрике.
🎙️ Luis Enrique, coach du @PSG_inside : “La blessure de Kylian Mbappé semble bénigne”.
Le technicien espagnol salue la qualité de son groupe et de son banc, à qui il aimerait donner du temps de jeu supplémentaire. #PSGOM #PSG pic.twitter.com/fjEMZjTq9c
— Free Ligue 1 (@FreeLigue1) September 24, 2023
ФОТО: ПСЖ/Твитер