Меси му испратил преку Инстаграм порака на легендата на Ливерпул во која имало само еден збор: Магаре!

2201

Се чини дека и Лео Меси не е баш толку имун на критиките кон него, иако се знае дека тие се ретки ако веќе станува збор за најдобриот фудбалер во светот.

Па така во едно интервју, Џејми Карагер,легендата на Ливерпул, кој сега работи како стручен ТВ коментатор, открил дека пред една година добил интересна порака од страна на Лео.

“Реков дека ПСЖ со Меси, Мбапе и Нејмар не може никако да ја освои Лигата на Шампионите. Неколку денови потоа добив порака на Инстаграм, која беше на шпански, со само еден збор во неа: Burro или МАГАРЕ. Се уверив дека е од Лео Меси, а јас му се заблагодарив“ потенцираше Карагер.

ПретходноФаворитите сигурни во 2. коло од кугларското првенство
СледноТрадицијата продолжува: Уште еден Клајверт потпиша за Барселона