Македонскиот интернационалец и репрезентативец Бојан Миовски на фантастичен начин ја стартуваше новата сезона. Головите и асистенциите се секојдневие, а последните пристигнаа вчера, кога Миовски против Рос Каунти на домашен терен беше двоен стрелец и асистент во победата од 4:0.
Ова секако дека се фантастични вести за нас, со оглед на незгодната повреда со која што напаѓачот се здоби на крајот од минатата сезона, кога сите останаа неми при страшниот страрт на противничкиот игра. Операција не беше потребна, зглобот на Миовски заздрави по природен пат, па сега тој е фит и повторно во топ форма.
„Се чувствувам како воопшто да не сум се повредил. Рехабилитацијата помина супер, подготовките ова лето ги одработев максимално, а резултатот од сето тоа еве се гледа на терен. Одлично се чувствувам, немам никакви проблеми. Седум гола и три асистенции не е лошо за старт на сезона, хаха…. ни вели Миовски па продолжува.
„Во моментов сум на одлично место во супер тим, во кој напредувам од ден на ден. Нормално е во клубот да се презадоволни, и јас сум. Трансфер? Ќе видиме што ќе се случува. Мое е да играм и да погодувам, асистирам. На клубот е да ја бара сумата која што ја зацртал за мој потенцијален трансфер, па ќе видиме што ќе се случува понатаму“ – додава Миовски.
Спортпорт неофицијално дознава дека нашиот репрезенативен напаѓач е сериозна мета на неколку Премиерлигаши како и екипи од Чемшпионшим дивизијата со амбиции за погорен ранг, кој веќе во јануари ќе се обидат да го ангажираат и да ја платат откупната клаузула што ја бара Абердин.