Од денеска во продажба билетите за Пелистер и Кил

157

Пелистер денеска (14 часот) ќе ги пушти во продажба поединечните билети за вториот домашен натпревар од Лигата на шампионите. Гостин во салата „Боро Чурлевски“ е Кил, дуелот се игра во среда во 18:45 часот.

Македонскиот вицепрвак има два порази во низа во групната фаза во најсилното европско клупско натпреварување, против Колстад дома и Алборг на гости. Бундес-лигашот ќе биде уште еден тежок противник во низата, па токму затоа на ракометарите на Пелистер им е потребна поддршка од трибините.

Цената на билетите е 450 и 500 денари.

– 550 денари (Централни позиции јужна и северна трибина)
– 450 денари (Странични позиции јужна и северна трибина)
Продажни места – DIMPO Тобако и BROTHERS Тобако и STravel
Интернет продажба – https://kartieurofarm.mk/
ПретходноЃорческа со мал скок, а Стоилковска со ист ранг
СледноСимеоне: Реал високо се брани, го искористивме слободниот простор