Секако очекувана вест ако се знае дека нашата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов важи за една од најдобрите ако не и најдобра во светот, па неможеше поинаку.
Тоа значи дена Начевски и Николов ќе ја делат правдата на претстојното ЕП 2024 во Германија, на кое секако дека ќе учествува и нашата најдобра ракометна селекција предводена од селекторот Кире Лазаров.
ЕХФ објави кои се 18-те судиски двојки кои ќе судат на ЕП, меѓу нив е и нашата судиска двојка. Интересно е тоа што нема да има судиите од Србија и Хрватска.