Ребров го објави списокот на играчи за дуелот со Македонија!

305

 

Селекторот на Украина, Сергеј Ребров денеска го објави списокот на играчи накои ќе смета на дуелот со Македонија на 14 октомври во Прага.Ова е меч од квалификациската група – Ц за пласман на ЕВРО 2024.

На списокот се 25 играчи, а има и тројца резерви. Нема некои изненадување, вреди да се одбележи враќањето на Руслан Малиновски.

Голмани:  Георги Бушчан (Динамо Киев), Анатолиј Трубин (Бенфика Лисабон, Португалија), Андриј Лунин (Реал Мадрид, Шпанија).

Дефанзивци:  Микола Матвиенко, Јухим Коноплија (двајцата Шахтјор Доњецк), Денис Попов, Олександар Караваев (двајцата Динамо Киев), Виталиј Миколенко (Евертон Ливерпул, Англија), Илја Забарни (Бурнмаут, Англија), Серхи Кривцов (Интер Мајами), , Бохдан Михаилченко (Динамо Загреб, Хрватска).

Играчи од средниот ред:  Андриј Јармоленко, Виталиј Бујалски (двајцата – Динамо Киев), Тарас Степаненко, Олександр Зубков, Георги Судаков, Јехор Назарина (сите – Шахтјор Донецк), Олександр Зинченко (Арсенал Лондон, Англија), Виктор Циганков (Жиронаилоин), Мудрик (Челзи Лондон, Англија), Серхи Сидорчук (Вестерло, Белгија), Руслан Малиновски (Џенова Џенова, Италија).

Напаѓачи:  Роман Јаремчук (Валенсија, Шпанија), Артем Довбик (Жирона, Шпанија), Владислав Ванат (Динамо Киев).

Список на резерви:  Олександр Сваток, Олександр Пихаљонок (двајцата – Днипро-1 Днипро), Олександр Тимчик (Динамо Киев).

ПретходноСтојановска: Убаво е на почетокот на сезоната да се освои еден ваков трофеј
СледноМакедонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ИТКФ во Грција