Симеоне: Реал високо се брани, го искористивме слободниот простор

153

Атлетико Мадрид го доби градското дерби против Реал Мадрид, го совлада со 3-1 и стана првиот тим кој славел против „кралевите“. Диего Симеоне има право на задоволство, неговите момци ги казнија грешките на противникот.

„Мило ми е што тимот одигра добар натпревар. При 2:0 премногу често попуштавме и му дававме можности на противникот да игра во просторот каде што беше најопасен. Можевме да загубиме во второто полувреме доколку продолживме да играме на ист начин. Голот на Мората не врати на вистинскиот пат. Знаевме дека противникот има проблеми по крилните страни.

Имавме поддршка од трибините, тоа исто така беше важно. Реал високо се брани, па имавме можност да го искористиме слободниот простор и да ја испратиме топката до подалечната статива, каде противникот има посебни проблеми“, изјави Симеоне.

Атлетико Мадрид се наоѓа на петото место на табелата во Ла Лига со скор од три победи, порази и реми.

ПретходноОд денеска во продажба билетите за Пелистер и Кил
СледноМајами одигра меч кој во НФЛ се нема случено дури 67 години