Вистинска пародија денеска направи раководството на Ц. Звезда во пресрет на “вечното дерби“ против Партизан. Имено судиската комисија на ФСС го одреди Срѓан Јовановиќ, најдобриот судија во таа земја за делител на правдата за тој меч. Јовановиќ се смета за еден од најдобрите судии и во Европа,често суди и мечеви од Лигата на Шампионите. Но на раководството на Ц. Звезда тој податок не им е доволен и денеска тие најавија дека ако не се смени судијата тие нема да го играат дербито.
Сепак подоцна најавија дека утре во 12 часот на седница на УО на клубот ќе донесат конечна одлука. Инаку натпреварот е закажанза во среда на стадионот на Партизан.
Ете, на Балканот се е можно…