ТИМ И ИГРАЧ НА 8.КОЛО: Воша го водеше Шкупи до победа во Охрид!

409

Арби Воша, офанзивниот играч за врска на Шкупи според „СпортСпорт“ е играчот на 8.коло во ПМФЛ. И не само што постигна убав гол за 1:3 кај Воска, туку и поради фактот дека одигра навистина одличен меч и беше најзаслужен за победата на неговиот тим во Охрид. Покрај него во тимот на колото се и Дуду исто од Шкупи, потоа Димовски и Ивановски од Тиквеш, Цаке и Чинари од Шкендија, Кировски и Кехинде од Гостивар, младиот Камбери и Радиќ од Струга ТЛ и стрелецот на двата гола за Воска, Марушиќ кој ќе биде запаметен како стрелец на еден од најбрзите ако не и најбрз гол во историјата на ПМФЛ. Црногорецот вчера против Шкупи во 11.секунда постигна гол.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

АРБИ ВОША

Тим: Шкупи

Роден: 04.08.2001 во Скопје

Кариера: Македонија ЃП, Шкупи

ПретходноГотово е: Перишиќ во јануари се враќа во Хајдук, ќе му биде соиграч на Трајковски!
СледноКоментар на 8.коло: Тимот кој што го играл најдобриот фудбал веќе четири меча е без победа, Струга ТЛ маршира кон врвот, Вардар реди порази!