Досегашниот член на тимот на Хајдук, 16. годишниот Лука Вушковиќ станува најскапо платениот млад дефанзивец на светот, откако денеска официјално е претставен како нов член на тимот на Тотенхем.
Големата фудбалска надеж на Сплит и Хрватска долго време е мета на грото од великаните во Европа, за тоа што со своите 193 сантиметри има фантастични предиспозиции.
Токму затоа Тотенхем поита да го купи, а Вушковиќ ќе замине за Лондон кога ќе наполни 18. години.