Ѓоре по стапките на својот некогашен ученик Зеко Рамадан, ќе биде тренер во С. Арабија!

919

Ѓоре Јовановски, еден од нашите најпознати и најтрофејни тренери, ќе биде тренер во С. Арабија.Но не во елитната лига на таа земја, туку во Втората лига и тоа во тимот на Ал Батин.Интересно е тоа што тргнува по стапките на својот некогашен ученик, од времето на Слога Ј и Работнички, Зекирија Рамадан кој од пред неколку месеци е тренерна Оход во втората по ранг лига во оваа земја. Значи Ѓоре и Зеко ќе имаат тренерски дуели во С. Арабија.

Инаку не треба да се трошат зборови за Јовановски. Некогашен селектор на Македонија, тренер на најголемите наши клубови, а својот зенит го имаше кога со Слога Ј и Работнички надмоќноги освојуваше титулите во ПМФЛ.

ПретходноМакедонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ИТКФ во Грција
СледноМиовски во тимот на колото во Шкотска! (ФОТО)