Јовиќ: Крајно време е нашата екипа да се покаже во поинакво светло

132

Ракометарите на Е. Пелистер веќе в среда го играат и третиот меч од групната фаза во Лигата на шампионите. Битолчани во својата сала го пречекуваат германскиот гигант Кил. Во пресрет на мечот, тренерот Александар Јовиќ ги изнесе своите очекувања:

„Го пречекуваме шампионот на Германија и сите знаеме со каков противник треба да се судриме. Крајно време е нашата екипа да се покаже во поинакво светло и по натпреварот сите да бидеме задоволни од одиграното. Со сигурност ви тврдам дека Еурофарм Пелистер ќе ги исполни сите цели за оваа сезона. Имаме комплетно нова екипа и ние треба време. За брзо време ќе се претставиме во најдоброто светло. Добро ќе се спремиме за Кил и ќе извадиме максимум од екипата. Направивме анализа на натпреварите на Кил, преферираат модерен ракомет и динамична игра. Ќе се обидеме да наметнеме темпо кое нам ни одговара. Треба да играме трпеливо во напад и со тоа ќе спречиме нивна брза игра. Еурофарм Пелистер само ќе расте, одигравме два натпревари од Суперлигата и тие добро ни дојдоа. Играчите почувствуваа и добра игра и победи и прашање на денови е кога ќе проработиме“, вели Јовиќ.

Мечот Е. Пелистер – Кил ќе се одигра во битолската сала „Боро Чурлевски“ в среда од 18.45 часот.

ПретходноОчекувано: Начевски и Николов ќе судат на ЕП 2024!
СледноИсчезна магијата на Кварадона, а Руди Гарсија и натаму го држи Дијамантот на клупа!