Многу брзо се дигна во ѕвездите, но од таму уште побрзо падна. Се разбира дека тука мислиме на Квича Кварацкелија, младиот офанзивецна Наполи, Грузиецот кој пред неколку месеци просто го “полуде“ сите европски гиганти кои праќаа понуди до Наполи.
Беше наречен и Кварадона, беше еден од најзаслужните за титулата нанаполитанците, но сега Квича го нема никаде.Иако добива шанса постојано, сепак Грузиецот е далеку, многу далеку од посакуваната форма.
Од 19 март Кварадона нема постигнато гол, во серија на 23 меча Грузиецот никако да се израдува.
И како капак не се, новиот стратег на Наполи, Руди Гарсија тоа не го гледа или не сака да го види па така тој и натаму го држи Елиф Елмас на клупата и му дава минутажа од по 10-15 минути. А Кварадона игра ли игра, ама што игра.
Подобро кажано ништо не игра.