Александар Трајковски викендов дебитираше за Хајдук и тоа во меч од ХНЛ против Локомотива. Не беше стартер, подоцна влезе во игра и помогна неговиот нов тим да забележи победа.
Во анализата на “Спортске Новости“, се говори во суперлативи за Македонецот, за херојот од Палермо.
Ви пренесуваме само дел од истата:
“Трајковски дебитираше по само три тренинга. Се гледа веднаш дека е класа играч, тоа се гледа од секој негов допир со топката.Сеако дека се не е идеално. Имено тој три месеци немаше натпревар. Но кога максимално ќе се спреми, Хајдук во него ќе добие топ засилување. Се разбира дека не е за очекување да биде стартер против Динамо Загреб, но и тие 20-30 минути кои ќе ги добие, секако дека ќе “џокер“ за тренерот Леко. Може на искуство и квалитет да биде од корист. Токму таков играч му треба на Хајдук“.