ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Младен Жижовиќ (Шкупи)

159

И дефинитивно новиот стратег на чаирчани, Младен Жижовиќ, си ја знае својата работа. Иако обременет со смртен случај во своето семејство по само два дена откако дојде во мак-фудбалот, стратегот од БиХ како тренер на Шкупи има фантастичен старт. Три меча, од кои еден во Купот, и три победи.Посебно интересно беше вчера во Охрид кај Воска. И покрај тоа што неговиот тим прими гол во 11 секунда, Жижовиќ не дозволи неговите момци да ги фати паника. Им нареди напад и само напад, и тоа вроди со плод- победа од 2:3. Шкупи се враќа во игра за титулата, тука нема дилеми. Шкупи има одличен стратег на клупата во името на Жижовиќ.

Претходно“Спортске Новости“ за Алекс: Токму тој играч му требаше на Хајдук, класата се гледа од секој негов допир со топката!
СледноСмешен ултиматум: Ц. Звезда нема да го игра дербито со Партизан ако суди најдобриот српски судија!