Не оди, па не оди. Вардар вчера на свој терен го доживеа петтиот пораз на седумте одиграни натпревари во досегашниот дел од сезоната во ПМФЛ. Гостивар беше подобар и славеше со 0:2. Видливо беше разочарувањето кај вардарците, посебно Матеус Лемос,играчот за врска од Бразил не можеше и не сакаше да го сокрие својот очај по мечот.
Нов пораз, ново разочарување. Па така сега Вардар е последен со само 4 бода. Уште ако се знае дека Вардар допрва треба да го одигра заостанатиот меч со шампионот, а од недела натаму следува пеколна серија на тешки мечеви и тоа со Брегалница (гости), Шкендија (дома), Работнички (гости), Брера (дома), Шкупи (гости)…што да се каже.
Овој меч со Гостивар беше екстра значаен за Вардар, и тој е загубен.
Сепак до крајот има уште многу да се игра.