Добра вест за Анчелоти: Винисиус се враќа за утрешниот дуел со Лас Палмас

86

Конечно една позитивна вест за Карло Анчелоти. Винисиус Жуниор ќе може да се појави на следниот натпревар на Реал Мадрид, откако се рехабилитираше од повредата, а исто така ги надмина и проблемите со стомачниот вирус, поради кој не заигра на големото мадридско дерби викендов.

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид нема играно од 25 август по повредата која ја заработи на натпреварот со Селта Виго.

Според „Марка“, Бразилецот во понеделникот тренираше со останатите фудбалери од тимот и се очекува Винисиус да биде вклучен во составот за натпреварот против Лас Палмас оваа среда.

ПретходноТрадицијата продолжува: Уште еден Клајверт потпиша за Барселона
СледноХаланд е на 6 гола до историја во Премиер лигата