Кил тргна за Битола: Ова е најдолгото патување сезонава!

471

Кил ќе помине долг пат за да стигне до Битола. Бундес-лигашот иако финансиски е добро поткован, сепак кога станува збор за патувањата не троши пари на чартер-летови, а и да го стори тоа, сепак нема да може од прва да стигне до Битола.

Следниот противник на Пелистер во Лигата на шампиони, мораше да смени две авионски линии, а притоа да се качи во автобус за да стигне до Битола.

Ракометарите на Кил преку Ѓер треба околу 14:30 часот да пристигнат во Охрид од каде со автобус ќе се уптат кон Битола каде утре во 18:45 часот ќе ги одмерат силите со Пелистер во меч од третото коло во Лигата на шампиони.

„Ова е најдолгото патување оваа сезона“, стои на официјалната Фејсбук страница на Кил. 

ПретходноПрвакот доби сериозно засилување: МЗТ Скопје со МТЕЛ во одбрана на титулите (ФОТО)
СледноУжасна шега на шпански новинар на сметка на Шумахер: Нека се тресе Мајкл! Упс, тој не може!