Утре со почеток од 15:00 часот во рамките од ПМФЛ шампионатот се игра заостанатиот дуел помеѓу екипите на Струга Трим Лум односно Воска како домаќин.
Дуелот за актуелниот шампион, тимот на Струга ТЛ секако дека е од битен карактер затоа што бодовите мора да се освојат и да се фати приклучок со самиот врв. За клубот освен одбрана на титулата сезонава ништо не е опција.
„Заморот е присутен во тимот, но позитивните резултати секогаш не тераат да го дадеме максимумот и многу да веруваме во себе. Така е и во пресрет на мечот со Воска спорт, нова екипа која е меѓу најдобрите во домашниот фудбал, против која сигурно ќе ги бараме трите бода. И покрај квалитетите кои ги поседува противничката екипа, верувам во групата што ја имаме и искуството, па верувам дека ќе бидеме победници на езерското дерби“ – изјави Бесарт Кривањева.
„Имам доста пријатели меѓу играчите на Воска. Нашето пријателство постои долго време, верувам дека ќе продолжи и по овој натпревар, но можам да кажам дека во рок од 90 минути на теренот не ги познавам како пријатели, туку како противници“– вели Кривањева.