Мирко Вучиниќ може да добие затворска казна од 4 години

730

Поранешниот црногорски фудбалски репрезентативец Мирко Вучиниќ би можел да заврши во затвор доколку не ги подмири обврските кон Италија. Вучиниќ се товари за даночно затајување од 13 милиони евра и дека требало да плати данок во Италија за периодот од 2014 до 2017 година, што не го направил.

Обвинителите бараат затворска казна од четири години. Во меѓувреме, неговата одбрана се обидува да докаже дека бил платен во Обединетите Арапски Емирати, а не во Италија. Инаку, тој во последните денови од својата играчка кариера, која заврши пред шест години, настапуваше токму во Емиратите за тимот на Ал Џезира.

Медиумите во Италија тврдат дека конечната одлука ќе биде донесена на 19 октомври.

ПретходноЕден од ривалите на Македонија на ЕП 2024 остана без важен ракометар
СледноКУП НА МАКЕДОНИЈА: Вардар против бранителот на пехарот во осминафиналето