Валентин Барко во јануари би требало да стане нов играч на Манчестер Сити. Според Transfermarkt, аргентинскиот лев бек вреди 3,5 милиони евра, а оваа сезона забележа 20 настапи за Бока Јуниорс во сите натпреварувања. Постигна еден гол и трипати асистираше.
Барко го импресионираше Пеп Гвардиола со неговите технички квалитети, кој планира да го претстави во првиот тим на почетокот на 2024 година.
Додека му се приклучи на својот нов тим, Барко ќе мора напорно да работи на својата конституција. Пеп не е задоволен од тоа што Барко (172 см) има 64 килограми и сака до јануари да тежи најмалку 70 килограми. Сити веќе му испрати план за исхрана и персонализиран тренинг во теретана.
Барко ќе мора многу повеќе да работи со тегови за да се засили, а крајната цел е до крајот на сезоната да тежи 73 или 74 килограми, односно по наредба на Пеп да добие десет килограми мускулна маса.