Поради денот на жалост: Одложено „вечното дерби“ меѓу Партизан и Ц. Звезда

1367

Натпреварот меѓу Партизан и Црвена Звезда во рамките од деветото коло во српската Суперлига ќе биде одложен. Како што објавија белградските медиуми, причина за одложувањето на „Вечното дерби“ се трагичните настани на Косово и Метохија, поради што во среда во Србија е прогласен Ден на жалост.

Владата на Република Србија на вонредна седница и ги повика сите медиуми и организатори на јавни настани да ја прилагодат својата програма за Денот на жалост во среда, 27 септември и со тоа да им оддадат почит на жртвите на Косово и Метохија.

Тоа значи дека оваа недела воопшто нема да се игра 171. „Вечно дерби“ со оглед на тоа што за викендот се закажани натпреварите од 10. коло во Суперлигата. Мечевите од деветтото коло ќе бидат презакажани во нов термин.

ПретходноИзолираниот Санчо добил совет да му се извини на Тен Хаг ако сака да си ја спаси кариерата
СледноТоронто испрати понуда „која не се одбива“ за трејд на Лилард