Претседателот на Наполи под истрага за трансферот на Осимен

205

Неколку италијански медиуми меѓу кои „Ла Република“ и „Скај Италија“ тврдат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис е под истрага за лажирање на сметководството на клубот за да се обезбеди трансферот на нигерискиот напаѓач Виктор Осимен од Лил во 2020 година.

Според информациите обвинителот во Рим отворил истрага за контроверзниот трансфер на Осимен, кој уште кога беше реализиран беше сомнителен. Осимен пристигна во Наполи за речиси 72 милиони евра, но 20 милиони евра од оваа вредност беа четири младински фудбалери кои беа пратени во Лил.

Сомнежот е дека платите на овие играчи биле вештачки прикажани како повисоки за да се прикаже дека клубот инкасирал повеќе средства.

Во април 2022 година ФИГЦ го ослободи Наполи од сите обвиненија за овој случај. Сепак, други страни не се предаваат и имаат своја истрага.

ПретходноЧелзи го донесе за 72 милиони евра, а тој сезонава нема одиграни ниту еден меч
СледноСевиља ја демолираше Алмерија на свој терен