Семејството Клајверт се врати во Барселона. Од 1998 до 2004 година, Патрик Клајверт играше во шпанскиот клуб, каде што успеа да одигра 257 натпревари и да постигне 122 гола, а во иднина тоа ќе го прави и неговиот син, Шејн.
Барселона денеска потврди дека потпиша договор со Шејн Клајверт, кој е син на легендарниот Холанѓанец. Шејн Клајверт во неделата наполни 16 години, па доби шанса да го потпише својот прв професионален договор со Барселона.
Шејн Клајверт е дел од младинскиот погон на Барселона од 9-годишна возраст, која дојде во Барса од младинските погони на француски ПСЖ.