УЕФА на состанокот на Извршниот комитет донесе одлука да ја олесни суспензијата на Русија од учество во меѓународни натпревари. УЕФА им дозволи на руските репрезентации до 17 години (машката и женската) да учествуваат на турнирите под нивна организација – квалификации и ЕП.
„Сметаме дека децата не треба да бидат казнети за акции за кои се одговорни возрасните и цврсто верува дека фудбалот никогаш не треба да престане со пораки за мир и надеж“, соопштија од УЕФА.
Тимовите ќе ги играат натпреварите на неутрален терен без знаме и химна.
Инаку сите останати руски репрезентации и клубови се суспендирани од меѓународните турнири од крајот на зимата 2022 година. УЕФА информира дека суспензијата останува се до завршување на воениот конфликт во Украина.