Ужасна шега на шпански новинар на сметка на Шумахер: Нека се тресе Мајкл! Упс, тој не може!

154

Шпанскиот новинар Антонио Лобато ја згрози јавноста со ужасна шега за Михаел Шумахер. Лобато гостуваше во една емисија каде ги коментираше настаните во Формула 1.

Еден од гостите рече: „Нека се тресе Адријан Њуи“, по што Лобато се насмеа: „Нека се тресе Мајкл. О, добро Мајкл не може да се тресе“.

После оваа изјава секако на негова сметка стигнаа бројни критики, кои го принудија да се извини:

“Направив грешка, немав лоши намери. Не се изразив добро и не сакав да се потсмевам со Михаел Шумахер. Луѓе кои ме познаваат знаат дека никогаш не би направил такво нешто. Сеедно, тоа е несмасно. Им се извинувам на сите што ги навредив. Искрено му се восхитувам на Мајкл и мислам дека тој немаше среќа“, изјави Шпанецот.

ПретходноКил тргна за Битола: Ова е најдолгото патување сезонава!
СледноРаботнички се засили со македонски репрезентативец