Поранешниот италијански напаѓач Антонио Касано повторно го критикуваше Рафаел Леао но и Милан. Португалскиот крилен напаѓач постигна три гола и имаше две асистенции на првите пет меча во Серија А, но и покрај тој ефект е критикуван во јавноста.
Поранешниот тренер Фабио Капело чувствува дека Милан премногу се потпира на Леао и дека крилниот играч нема капацитет да се носи со тоа, но и да реагира дефанзивно во одредени моменти.
Касано исто така мисли дека Леао не е играчот на кој што „росонерите“ мора да се потпираат.
„Леао не е ниту месо ниту риба. Ме потсетува на Марсијал. Минатата сезона Нзола постигна повеќе голови од него. Во Лигата на шампионите ни требаат играчи со карактер кои можат да прават разлика на теренот. Но Милан нема такви играчи, нема шампиони“, изјави Касано.
Касано и минатата сезона го критикуваше Бразилецот со изјава дека за пет години од Леао видел збирно само четири добри месеци.