Само што направи кам бек од првичмата повреда откако е дел од тимот на Реал Мадрид, турскиот интернационалец, Арда Гулер повторно се повреди. На денешниот тренинг Арда го истегнал мускулот на десната нога, факт кој вели дека тој сега ќе биде надвор од терените околу две недели.
Гулер летово пристигна во Мадрид како еден од најголемите Европски но и светски таленти. На турнејата во САД се повреди, па му беше опериран менискусот, за да сега ете се појави и нов за среќа мини проблем. Турчинот ќе мора уште малку да почека на своето деби во дресот на „Кралевите“.
Parte médico de Arda Güler.#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) September 26, 2023